Црна хроника
Приведен скопјанец баран со потерница
Утрово на ул. Борис Трајковски во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го привеле Ш.К.(44) од с.Цветово, Скопско.
Тој се барал со централна потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведена битолчанка барана по потерница
Вчера во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ” во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола.
Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Топ
Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.
Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.
Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата „Сремски фронт“ во Штип намерно запалиле паркиран автомобил „сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Ограбена менувачница во Битола
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 4 јануари до 08.00 часот на осми јануари, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.