Топ
Приведен скопјанец кој членувал во странска терористичка организација

Скопската полиција во вечерните часови на 6 октомври го уапсила 24-годишниот И.Т., врз основа на информации за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.
На 24-годишникот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и бил префрлен во затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.
Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.
На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со неговата партнерка беа маскирани како Викинзи.
– Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен. Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година, објави струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.
Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.
Свет
Зеленски му одговори на сенаторот Греам: Само народот на Украина одлучува за мојата оставка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека единствено украинскиот народ може да одлучи за неговата оставка. Неговата реакција дојде по изјавата на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој повика на негово повлекување.
„Не знам дали сенаторот Греам ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука“, истакна Зеленски. Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата расправија со поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Греам изјави дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого со кого ќе можеме да работиме, или треба да биде сменет“.
Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски, а истото го сторија и украинската армија и граѓаните.
Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, вечерва изјави дека војниците на земјата го поддржуваат претседателот.
„Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант. Нашата сила е во единството“, напиша Сирски на социјалните мрежи, откако Зеленски ја напушти Белата куќа без постигнат договор со САД, а Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.
Сирски додаде: „Продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.
Поддршка за Зеленски изрази и премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на „Икс“ објави: „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.
Украинскиот вицепремиер Михаил Федоров, пак, напиша: „Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ, кој ја плати својата слобода со својата крв“.
И украинските граѓани на интернет му изразија поддршка на Зеленски.