Црна хроника
Приведен турски државјанин поради шверцување

Вчера во 05.00 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Е.О.(58) од Република Турција.
При контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, кој го управувал, во багажниот простор биле пронајдени 20 пакети и 28 кутии различни производи, кои подлежат на царинска контрола, а за кои не поседувал никаква документација.
Пронајденото било одземено,а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 35-годишник од Кавадарци за издржување тригодишна затворска казна

Вчера во 19.20 часот во село Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле 35-годишниот Х.В. од Кавадарци.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Топ
(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово.
Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово.
Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Топ
Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта.
Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје.
Од страна на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при СБПТНЕР во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што добиле порака, но не се пронајдени експлозивни направи и е утврдено дека се работи за лажно пријавување за поставени експлозивни направи.
По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал, утврдено е IMEI-то на мобилниот уред користен од страна на корисничкиот имејл од каде се пратени пораките, кое IMEI било поврзано до услугите на GOOGLE на 21.02.2025 од IP адреса од телекомуникациски оператор од Република Северна Македонија.
По извршени дополнителни проверки од страна на СБПТНЕР, утврден е идентитетот на инволвираните малолетни лица, при што на 25.02.2025 во ПСОН Чаир тие се повикани и во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор во кој го признаа и појаснија начинот на извршување на делото.
По извршениот службен разговор, со цел обезбедување на докази, со потврда за привремено одземени предмети од нивните родители се одземени два мобилни телефони со СИМ картички, кои ги користеле пријавените малолетни лица.