Црна хроника
Приведен штипјанец баран со потерница за доиздржување затворска казна
Вчера, во 9 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип, врз основа на распишана централна потерница, го привеле М. Д. (25) од Штип за доиздржување затворска казна од осум месеци за сторени повеќе кривични дела тешка кражба и кражба. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор-Струмица“ за доиздржување на казната, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
71-годишен штипјанец ја тепал партнерката
Вчера во 16:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Т.И. (71) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата партнерка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Дефендер“ на МВР се судри со автомобил, повредено е дете
Денес во 10.06 часот во полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“ – Е.С.Б. и четиригодишно дете од Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Кочани во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Црна хроника
Во двор во куќа во Арачиново фрлени две шишиња со запалива материја
Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, биле фрлени две шишиња со запалива материја.
Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.