Црна хроника
Прилепчанец тешко повреден откако со мопед удрил во патничко возило и паднал
Прилепчанец бил тешко поврден откако со неговиот мопед удрил во патничко возило во Прилеп, соопшти полицијата.
Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во Градската болница Прилеп било донесено лице со повреди здобиени од сообраќајна несреќа.
Од полициски службеници било излезено на местото, при што било констатирано дека околу 09.00 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ мопед „генерик“, управуван од М.С.(52) од Прилеп удрил во патничко возило „пасат“, управувано од Г.Т.(46) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, по што М.С. паднал од мопедот и се здобил со тешки телесни повреди.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во струшко, пронајдени дрога и куршуми, уапсен 28-годишник
Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода 28-годишниот Д.Р. од истото село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук.
40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР.
„Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

