Топ
Притворени двајца царински службеници за поткуп

Двајца цариници на ГП Табановце утрово се притворени поради примање поткуп од лице при влез во земјава, соопшти МВР.
„На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во земјава, по што од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце, пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци. Царинските службеници се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со закана изнудил 1,5 милиони денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, уверувал едно лице дека против него ќе биде поведена судска постапка доколку не исплати околу 1.500.000 денари.
Познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него.
Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот побараните парични средства.
Јавниот обвинител донесе одлука да поведе истрага за изнуда, бидејќи од преземените дејствија на осомничениот произлегува дека тој користел сериозна закана да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски.
Нема информации за повредени или настрадани лица.
Македонија
(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата, која има добиено 270 илјади евра преку ‘Еразмус+’, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точна информацијата дека раководителката на одделението за буџетска контрола во ‘Еразмус+’, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето – зошто фирмата на Златковски, „В.Е.З. трејд“, била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска – Димова – Златковски довело до злоупотребување на службената положба и грантот од одбиен, станал одобрен.
Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од другите, кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?
Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.
Затоа, народот, кога ќе ја слушне кратенката СДС, првата асоцијација му е криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.