Црна хроника
Притвор за велешанецот, кој се обиде да ја убие сопругата зашто сакала да му помогне на болното внуче

Судот му одреди 30-дневен притвор на велешанецот кој се обиде со нож да ја убие сопругата, по вербална расправија во домот.
Според информациите, 73-годишниот човек започнал вербална расправија со сопругата, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде што живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи ѝ се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен жител на Кичево, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

Полицијата, синоќа во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, го уапсија М.Ц.(42) од Кичево, соопшти МВР.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.