Црна хроника
Притвор за велешанец, кој со пушка се шетал по улица
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истрага против 20-годишник од Велес, кој се шетал по улица со пушка.
Според информациите од Обвинителството, на 18 февруари осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка „баикал“ од руско производство, во калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, пушката ја носел со себе кога го запреле полициски службеници.
Поради околности што упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.