Црна хроника
Притвор за двајца струмичани кои биле фатени како пренесуваат дрога
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Двајцата соизвршители, на 8 февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле наркотична дрога марихуана наменета за продажба. Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето-маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки на патот Ресен – Битола. Марихуаната ја пронашле полициски службеници од ОВР Ресен кои извршиле преглед на возилото.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор спрема осомничените, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да влијаат врз можните сведоци и соучесници или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифати преедлогот на обвинителот и донесе решение со кое определи притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид: предизвикале сообраќајна несреќа, при тоа имале изречени забрани за возење, а едниот бил пијан
Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот В.В.М. од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ј.П. од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.Н. од Охрид.
По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.
Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

