Црна хроника
Притвор за дилер на дрога од Велес

Судот му определи притвор на 26-годишен дилер од Велес.
Според информациите од Основното јавно обвинителство Велес, осомничениот во својот дом неовластено заради продажба чувал марихуана во количина од 1.229 грама сместена во четири стаклени тегли и хашиш во количина од 1.04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување.
Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на наредба донесена од судија на претходна постапка.
Со оглед на постоење на основан страв дека осомничениот може да избега или со влијание врз сведоци да ја попречува истражната постапка, како и можност тој да го повтори кривичното дело, по предлог на јавен обвинител, Основниот суд Велес му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.