Црна хроника
Притвор за дилер на дрога од Гевгелија
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела неовластенo производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во својот дом во Гевгелија, неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога, хероин во вкупна количина од 11,23 грама, како и наркотична дрога кокаин, спакувана во алуминиумска фолија во количина од 0,08 грама. При претресот на 15 септември кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога како средство наменето за мерење на наркотичната дрога при продажба.
По претходен телефонски договор, осомничениот на сведок му продал 1 грам хероин за цена од 2.600 денари, а на друг сведок, со намера да му продаде наркотична дрога, му овозможил во неговиот дом да зема хероин во два наврата.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело или дека ќе го повтори делото. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

