Топ
Kичевец се обидел да силува 18-годишна девојка пред нејзината малолетна сестра
Гостиварското јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 22-годишник од Кичево кој спроти платото на кичевската товарна железничка станица се обидел да силува 18-годишна девојка што била во придружба на нејзината малолетна сестра.
Како што информираат од обвинителството, осомничениот на 22 октомври, со употреба на сила и закана по животот на девојката се обидел да ја силува.
Тој најпрвин ја следел 18-годишната кичевка, која заедно со нејзината малолетна сестра се движела по импровизиран дрвен мост кон нивниот дом. Кога пристигнале спроти платото на товарната железничка станица осомничениот им се приближил и се обидел да изврши обљуба.
Девојката и нејзината помала сестра неколкупати го удриле напаѓачот и успеале да побегнат, а настанот го пријавиле во полициja.
Напаѓачот е осомничен дека сторил кривично дело силување во обид.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија од Основниот суд Гостивар доставил и предлог за мерка притвор, кој е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Европа
Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби
Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка критика кон претседателот Володимир Зеленски додека се обидува да ги реорганизира клучните сектори во критичен момент од војната со Русија.
Шмихал, кој беше премиер пет години пред да биде преместен во Министерството за одбрана минатата година, беше назначен од Зеленски да го води енергетскиот сектор потресен од обвинувања за корупција и руски напади врз инфраструктурата.
Последната постојана министерка за енергетика беше отпуштена минатата година поради корупциски скандал во кој беше вклучен нејзиниот претходник.
За номинацијата на Шмихал беа потребни 226 гласови за да биде одобрена. 210 гласаа „за“, а три опозициски партии беа воздржани.
Шмихал беше номиниран како дел од големата реконструкција на кабинетот, додека Киев се соочува со растечки руски притисок во војната што влегува во својата петта година следниот месец.
Свет
Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите
Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од Исламската револуција од 1979 година. Информациите објавени од различни агенции и медиуми значително варираат.
Американската новинска агенција „Human Rights Activists News Agency“ (HRANA), која ги следи протестите во Иран повеќе од 20 години, вели дека најмалку 2.000 луѓе се убиени, од кои 1.850 биле демонстранти. Агенцијата вчера соопшти дека досега идентификувала околу 500 жртви и додаде дека повеќе од 16.000 демонстранти се уапсени.
Од друга страна, „Иран Интернешнл“ проценува дека најмалку 12.000 луѓе се убиени само во протестите на 8 и 9 јануари. Тоа е персиски телевизиски канал со седиште во Велика Британија, поврзан со саудиската влада, и ги базира своите бројки на извори во земјата и медицински податоци.
„Врз основа на достапните податоци и вкрстените проверки на информациите добиени од сигурни извори, вклучувајќи го Врховниот совет за национална безбедност и претседателската канцеларија, првичната проценка на безбедносните институции на Исламската Република е дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во овој национален масакр“, рекоа тие.

