Црна хроника
Притвор за мажот кој силуваше девојка во Делчево
Притвор од 30 дена е определен за 24-годишниот маж кој пред два дена силувал девојка во Делчево.
Тој во саботата во вечерните часови насилно влегол во семејната куќа на девојката, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.
Осуда денеска изрази делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој ги повика надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот.
„Делчево е во шок по немилиот настан, каде маж физички злоупотребувал жена во нејзиниот дом. Изразувам осуда за овој монструозен чин и ги повикувам надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот, која ќе биде за пример за сите останати кои ќе се осмелат да посегнат и да нанесат физичка и психичка болка на жена“, рече Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

