Црна хроника
Притвор за разбојник, кој со влечење по земја ѝ одзел златен синџир на жена во Битола
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 9.9.2020 година, околу 18.45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, ѝ го фатил златното синџирче што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да ѝ го скине. Бидејќи синџирчето било масивно и не се кинело, осомниченот почнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот, при што успеал да ѝ го скине синџирот во вредност од 120.000 денари и да ѝ го одземе со намера противправно да го присвои.
Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител, кој постапува во предметот, до надлежниот суд поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од судот, кој на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

