Црна хроника
Притвор за скопјанец кој со тупаници ја истепал својата мајка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишен скопјанец, кој физички ја нападнал и ја повредил својата мајка.
На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, осомничениот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил мајка си. По претходна вербална расправија, тој најпрвин почнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и телото нанесувајќи ѝ телесни повреди. Подоцна во текот на денот, додека оштетената седела во дневната соба со сопругот и другиот син, осомничениот се вратил држејќи нож во рацете и им се заканил на сите дека ќе ги убие.
Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело, но мајка му не го пријавувала, како и можноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.