Црна хроника
Притвор и кривична пријава за убиство доби осомничениот маж од Стајковци
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К. (64) и неговата снаа С.К. (57), кои од здобиените повреди починале на местото.
Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со нож му го зеле велосипедот на дете во центарот на Скопје
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот.
Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.
Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.
Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Тешко повреден охриѓанец пронајден во паркирано возило кај струшкото село Ливада
Во струшката полиција вчера било пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, на локален пат во струшкото село Ливада, со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П. (40) од Охрид.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница Струга, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

