Македонија
Три месеци по поплавите во скопско, погодените оставени сами на себе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/poplava-vojska3.jpg)
Утре се навршуваат три месеци од кобните поплави во скопско, во кои животот го загубија 22 лица, но оние кои останаа, не можат да ги оспособат своите домови за живот.
Од Владата и од општините им беа ветени отштети од 10 отсто, и да, за волја на вистината ги добија тие 30.000 денари авансно обесштетување, но по проценката на штетите, сите се прашуваат како да ги оспособат домовите за пристоен живот.
Дел од жителите на Сингелиќ, Стајковци, Арачиново, Ченто, Економија, се прашуваат зошто проценката која им е направена од општината се однесува само на штетата внатре во објектите, за покуќнината, а не за штетите кои ги претрпела куќата.
Жител на Сингелиќ вели дека добил отштета од 1.300 евра, а во неговата куќа нема услови за живот, па веќе три месеци е кираџија, а како невработен, нема пари ни за киријата.
„Отплатата никако не оди. Добив 1.300 евра, со оние првичните 500 евра, а јас направив ѕид, плаќам болница, како ќе плаќам кирија не знам, а невработен сум јас, и мојата сопруга и моите двајца синови“, вели Џемаил Гаши од Сингелиќ.
Вели дека треба куќата да ја урне и одново да почне да ја гради, а за тоа пари нема. Помага во градежни работи кај пријатели за да преживее Сега чека да вики колку ќе го обештетат за двата автомобили што му биле зафатени од невремето на 6 август.
Жител на населбата „Антон Попов“, вели дека дошле од општина, извршиле проценка и севкупно зел 2.750 евра отштета и тоа 250 евра од Црвен крст, 50 евра му нуделе од партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ, што ги одбил.
„Поплавен ми е цел долен кат, а таму живеевме. Сега сме горе, ама таму нема ништо. Се ми е уништено, подот, фрижидер, шпорет, фрижидер за длабоко замрзнување, гарнитура, кревети, два регала, термо-печка, кујна…Еден креве чини 500 евра“, вели тој.
Почнал со реновирање, но споро оди. Вели дека ќе опреми само една соба колку да се засолнат тој, сопругата и ќерката.
„Жалосно е што 65 години си работел, а ништо немаш. Се е уништено, а нема кој да ти помогне“, додава пензионерот, кој се жали и на ниската пензија.
„ВМРО-ДПМНЕ е водечка и најодговорна партија во Македонија и како таква ние кога се случија поплавите дадовме цврсти ветувања дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе се направат максимални напори од страна на државните институции да се дојде до ревитализирање на целиот овој крај“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, при една посета на Стајковци по поплавите, но работите според сведоштвата на поплавените граѓани некако, како да не се враќаат во нормала.
Тогаш Груевски рече дека дошол со некои партиски соработници да ги разгледаат работите на терен да видат како се одвиваат бидејќи тоа секогаш давало најдобра информација и поттикнувало идеи за нешто ако може да се забрза, но тоа беше тогаш, неколку дена по поплавите. Сега, три месеци подоцна, жителите на поплавените подрачја велат дека никој не доаѓа да ги праша како се снаоѓаат. На шега велат дека ги очекуваат пред избори, за време на кампањата.
Дека исплатата на парите за обештетување на поплавените се одвива споро потврдува и предизборниот фискален извештај на Министерството за финансии во кој стои дека од планираните 36 милиони евра обезбедени со ребаланс на Буџетот, до 31 октомври исплатени се 22 отсто парите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.