Топ
Притвор од 30 дена за тројцата осомничени дека силувале дете во Гостиварско
Основниот суд Гостивар им определи 30-дневен притвор на три лица под сомнение дека силувале дете во едно гостиварско село. По две лица е распишана потерница, а постои сомнеж дека во злосторството учествувале и други лица.
„Притворот на осомничените е побаран согласно со член 165 од Законот за кривична постапка, а поради постоење опасност од бегство, дека ќе влијаат на сведоци, како и дека постојат можности да го повторат кривичното дело. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена“, соопштија од гостиварското обвинителство.
Од таму додаваат дека се преземаат дејствија за утврдување на фактите и прибирање доказен материјал против лица кои злоупотребувале дете на возраст од 13 години. „Постојат сомненија дека во вршењето на кривичното дело учествувале повеќе лица, од кои за двајца осомничени веќе постои централен распис за нивно пронаоѓање. Во меѓувреме обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи го утврдува идентитетот и на други лица кои биле инволвирани во настанот“, се вели во соопштението.
Грозоморниот случај МВР го обелодени овој викенд, по што Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Првично на осомничените им беше определен 48-часовен притвор.
„Детето на возраст од 13 години било во повеќе наврати злоупотребувано од страна на возрасни лица. До овој момент е утврден идентитетот на петмина сторители, од кои тројца се приведени, за двајца е распишан распис за нивно пронаоѓање. Надлежниот јавен обвинител издаде наредби и насоки за натамошно утврдување на меѓусебната поврзаност помеѓу инволвираните осомничени. Според првичните информации, постои веројатност во предметот да бидат опфатени и други лица“, соопшти ОЈО Гостивар во саботата.
Детето по наредба на обвинителството е згрижено од страна на Центарот за социјални работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште
Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните избори во октомври не беа избрани градоначалници поради недоволната излезност.
„Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Во однос на истото, согласно член 134 став 2 од Изборниот законик Владата за повереници за вршење на работите од надлежност на градоначалник за наведените општини ги именува: Онер Јакупоски за повереник за Општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар“, соопштија од Владата.
Изборите во овие општини ќе се одржат на 11 јануари 2026 година.
Свет
Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД
Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер за CNN, зборувајќи под услов на анонимност. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека треба да се заврши уште многу работа.
Изјавата на американскиот функционер дојде додека американскиот секретар на армијата беше во Абу Даби на состаноци со руски функционери во врска со предлогот на администрацијата на Трамп.
„Украинците се согласија на мировен договор. Постојат некои мали детали што треба да се решат, но тие се согласија на мировен договор“, рече тој.
Ставот на САД се чини дека е пооптимистички од јавните изјави на украинските функционери, чија делегација е исто така во Абу Даби и е во контакт со министерот за копнени сили, Ден Дрискол.
Украинскиот секретар за национална безбедност Рустем Умеров објави на социјалната мрежа X дека делегациите „постигнале заедничко разбирање за клучните услови од договорот дискутиран во Женева“.
„Сега сметаме на поддршката од нашите европски партнери во нашите понатамошни чекори“, напиша Умеров. Тој додаде дека Украина со нетрпение очекува да ја организира посетата на Зеленски на САД за „да ги заврши последните чекори и да постигне договор со претседателот (Доналд) Трамп“.
Самиот Зеленски објави на X порано утрово: „По состаноците во Женева, гледаме многу перспективи што можат да го направат патот кон мирот реален. Има солидни резултати и уште многу работа претстои“.
Во меѓувреме, потполковник Џеф Толберт, портпарол на секретарот Дрискол, рече дека разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Абу Даби „одат добро и ние остануваме оптимисти“.
Македонија
Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра
Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра.
Полициски службеници од Единицата за финансиски криминал ги уапсија Н.Р.(51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А.(61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К.(55) од Скопје, поранешен раководител во Агенција за стоковни резерви Скопје, Т.Д.(58) од Куманово, поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и државен советник во периодот 2021-2022 година и М.П.(68) од Скопје, вешто лице.
До Јавното обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Исто така ивршени се претреси на пет локации во Скопје, Куманово и Тетово.
Имено, лицата делото го сториле така што Н.Р., Р.А., Т.К. и Т.Д. во својство на овластени лица ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба на начин што иако биле должни да ја известат Владата на РСМ за фактичката состојба во Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ Скопје, односно дека е настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен (период од 2019-2021 година), истите доставиле неточни податоци и информации. Со ова дејствие лицата постапиле спротивно на Законот за стоковните резерви (чл.7 ст.2, чл.9-а, чл.12, чл.13, чл.19, чл.21 и чл.22) и изготвиле записник од 2022 година во кој дале заклучок за прифаќање отпис на кусок во количина од 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна од складиштето „Агро берза“ Скопје, кој бил доставен со информација до Влада на РСМ заради усвојување на Заклучокот од Владата, знаејќи дека кусокот се однесувал за период од 2007 – 2021 година. Истите знаеле дека нема законска основа да се земе предвид тој период од причина што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната меркантилна пченица и јачмен и во извршените контроли од Агенцијата до 2019 година, секоја година бил вршен надзор и не бил констатиран кусок, а секоја година им било доставувано решение за кало.
Додека, пријавениот М.П. како надворешен соработник, вешто лице ангажирано преку Бирото за процена постапил спротивно на одредбите од Законот за процена (чл.3 и 4) и спротивно на чл.3 од договорот за услуга склучен помеѓу пријавениот и Бирото за судски вештачења, при што изготвил вешт наод во кој внел невистините податоци, не земајќи ги во предвид сите податоци и целокупната документација од Агенција за стоковни резерви Скопје и ЈП „Агро берза“. Вештиот наод бил приложен кон информацијата до Влада и истата била прифатена од страна на Владата, при што Агенцијата за стоковни резерви Скопје била задолжена да изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна, во вкупна вредност од 29.112.000 денари или 473.365 евра (во моментот на отписот по цените кои се набавувала пченицата и јачменот во 2022 година, вредноста на истата изнесувала 48.000.000 денари или 780.487 евра), која вредност преставува штета на Буџетот на РСМ.

