Топ
Притвор за лицата кои од банкомат во Гостивар украле 1,8 милиони денари, двајца се во бегство
Пет лица се осомничени за тешката кражба врз банкоматот во Гостивар што се случи на почетокот на минатиот месец, кога беа одземени беа 1.800.000 денари.
Од Обвинителството информираат дека осомничените – четворица македонски државјани и една државјанка на Република Албанија, се здружиле и на 1 декември со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата Илинденска во Гостивар.
Надлежниот јавен обвинител за четворица осомничени до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор од 30 дена.
Еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево, уште еден е притворен, додека за првоосомничениот и петтоосомничената, кои се во бегство, притворот ќе започне да се применува по нивното пронаоѓање и приведување, информираат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, лоцирана во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.




Топ
(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити
Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

