Црна хроника
Пријава за момче од Јурумлери – лажно барал брза помош само за да се снима на „Тик ток“
Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Службата за итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата „Тик ток“ на 13.9.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи, и против Х. К. (25) од с. Јурумлери, Скопско, ќе поднесе соодветна пријава.
„По објавувањето на видеото на апликацијата ‘Тик ток’ и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х. К. е лицето што се јавува во Службата за итна медицинска помош во Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16, бидејќи лажно повикувал помош и пријавувал настан“, соопшти полицијата.
На 15.9.2020, во 16.30 часот, во просториите на Полициската станица Центар бил извршен разговор со него, при што појаснил дека на 13.9.2020 околу 2 часот по полноќ, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео, се јавил во Службата за итна медицинска помош и го сторил делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.