Топ
Пријава за струмичанец кој со лажен профил на Фејсбук ,,Андон Ќосето” му се заканувал на премиерот

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец кој преку лажен профил на „Фејсбук“ му се заканувал на премиерот Зоран Заев и на неговото семејство. Тој ќе одговара за загрозување на нивната сигурност.
Ккао што информира МВР, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесел кривична пријава против 33-годишниот Д.П. од село Мокрино, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.
Тој со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот и неговото семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден.
Првата се случи на магистралниот пат Битола-Ресен, кај местото викано „Голема кривина Макази.
Се судриле три возила, а Г.А. (47) од Ресен загинал на лице место. Повредени се двајца луѓе.
Втората несреќа се случила синоќа околу полноќ, кога животот го загубило 34-годишно лице од Штип (М.Т.), кое било сопатник. Автомобилот во кој се наоѓал излетал од патот Штип-Карбинци, а возачот се здобил со тешки повреди.
Телата на починатите се на обдукција, а надлежните извршија увид.
(Фото: илустрација)
Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 7.03.2025 година.
Од 11.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,261 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,240 ден/кг и сега ќе изнесува 42,261 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 51,432%, кај дизелот за 4,044%, кај екстра лесното масло е за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 2,791%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995%.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, известуваат од кабинетот на претседателката.
Амбасадорите што се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот, се додава во соопштението.
Во согласност со донесените укази се отповикуваат:
– Јакуп Реџепи од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина со седиште во Сараево;
– Џенк Сејфула од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска со седиште во Стокхолм;
– Методија Белевски од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија и од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор за Големото Војводство Луксембург со седиште во Брисел;
– Агнеза Руси-Поповска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија со седиште во Софија;
– Емил Крстески од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Чешката Република со седиште во Прага;
– Пајо Авировиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната мисија при меѓународните организации со седиште во Виена;
– Зеќир Рамчиловиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора со седиште во Подгорица, и
– Катерина Ставреска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со седиште во Лондон.
Исто така, претседателката Сиљановска-Давкова донесе указ за отповикување во редовна постапка на Светлана Гелева од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа со седиште во Стразбур поради завршување на мандатот.
Во согласност со донесените укази должноста на амбасадорите им престанува на 30 април 2025 година.