Црна хроника
Пријави за двајцата Косовци што краделе брендирана облека во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/zenski-plakar.jpg)
Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Ц. (19) и С. Ш. (22) од Република Косово поради сомнение дека сториле две дела тешка кражба.
На 11.10.2019 година, околу 17 часот, во трговски центар во Скопје, од два објекта со употреба на сила одзеле брендирани производи добивајќи противправна имотна корист. Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети им се вратени на сопствениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Малолетник нападнат од две лица во автобус на ЈСП во Гази Баба, едниот се обидел и да го избоде
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/jsp_avtobus_brif.jpg)
Малолетник бил нападнат од двајца малолетници во автобус на ЈСП, завчера, на пладне.
Случајот бил пријавен од родител на нападнатото момче.
„Ѓ.С.(34) од Скопје пријавил дека на 11.02.2025 околу 13.00 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што еден од нив се обидел да го нападне и со остар предмет“, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Комбе удри во пешак во Куманово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/brza-pomosh-5.jpg)
Вчера околу 08.20 часот на улицата Иво Лола Рибар во Куманово, товарно возило управувано од И.З.(63) од Скопје, удрило во пешакот В.Т.(76) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид, информираа од МВР.
Црна хроника
Возач излета од патот Кичево – Охрид, доби тешки повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/60483510_942658566072347_396627967653969920_n-1.jpg)
Вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај Ново Село, општина Дебрца, автомобил управуван од Д.М.(34) од Струга, излета надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид.
Фото: илустрација