Црна хроника
На знакот за запирање од возилото фрлил неколку кесички со марихуана, уапсен 35-годишник од Радовишко

Вчера, во 18 часот, на регионалниот пат Радовиш – село Воиславци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода 35-годишниот Е. Г. од село Бучим, Радовишко, извести МВР.
„На знакот за запирање, даден од полициските службеници, тој од возилото ‘форд’, со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил неколку кесички со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возач загина кај гостиварско Чегране

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи. Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Топ
Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал маж, а 18-годишно момче е тешко повредено. Увид направила екипа на СВР Штип, потврдија од МВР. На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес.
Како што информираат од Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, тие за несреќата биле повикани во 14.20 часот и за десетина минути стигнале на местото на несреќата – на крстосницата кон село Иванковци кај силосите.
Д-р Елена Најдовска изјави дека констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир. Рече дека веднаш му укажале лекарска помош на 18-годишното момче од Струмица кое било во другото возило. Имал повреди на карлица, на десно колено и на главата, но бил свесен и контактибилен.
По укажаната прва медицинска помош, екипата од Итната помош го пренеле повреденото момче на понатамошно лекување во Ургентниот центар во Општа болница Велес.
Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај попладнево информираше дека сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес е во прекин во двата правца.
Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино
