Црна хроника
При претрес во гевгелиско, пронајдени стебла канабис и оружје, приведено едно лице

Денеска околу 12.00 часот во с.Кованец, гевгелиско, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Џ.И.(42) од село Кованец.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум стебла со висина од околу два метри и едно исушено стебло канабис сатива, три пушки, патрони, муниција, една мини импровизирана лабораторија и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На сила ја внеле во возило: повредена скопјанка во Струга

Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото.
Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со нож ги избола своите баба и дедо: МВР со детали за битолчанката

Вчера во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола.
Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78).
Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка.
МВР соопшти дека е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Тетово му се заканувал на наставник, оштетил и дел од инвентарот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(43) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, на 02.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавениот упатувал закани наставник во училиштето, а оштетил и дел од инвентарот.