Црна хроника
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Теново
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/potraga-vardar.jpg)
И денеска продолжи потрагата по исчезнатото лице Иса Рушити од село Теново во која учествуваше Општина Брвеница, ДЗС, ЦУК и Полициската станица Жеровјане, соопшти Општината.
Во потрагата во водите на реката Вардар е вклучена и градежна машина.
– Ќе продолжиме со потрагата се до моментот додека не го најдеме телото. Се надеваме дека денешниот ден и двата последователни денови се критични за да бидеме успешни, односно да го пронајдеме лицето кое исчезна и со тоа да ја заокружиме една хумана мисија за која сите ние сме тука за да им помогнеме на нашите граѓани, се наведува во објавата од општина Брвеница на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Топ
Тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен, во судар со автобус загина мотициклист
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.
Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/ohrid-ezero.jpg)
Двајца скопјани се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена дрога.
„На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана“, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кочани: пронајдена дрога, приведен дилер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/privedeni-960x641.jpg)
26-годишен кочанчанец е приведен откако по претрес во неговиот дом е пронајдена дрога.
„На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари“, информираат од МВР.
По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.