Црна хроника
Пронајдени и вратени двајцата малолетници кои беа пријавени за исчезнати од дом во Велес
Министерството за внатрешни работи соопшти дека двајцата малолетници за кои беше пријавено дека се исчезнати од дом во Велес се пронајдени и вратени дома.
„На 15.3.2019 во 22:00 часот во ПС Куманово, Р.Х.(44) од Куманово пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот, а истиот ден околу 21.20 во ПС Велес, Т.Ј.(40) од Велес пријавил дека околу 19 часот во неговиот дом дошла токму А.Х. , која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј. (15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата. Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција, затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот“, се наведува во зивештајот на полицијата.
Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Велес за пронаоѓање на А.Х. и А.Ј. и синоќа малолетниците се вратени во домовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.