Црна хроника
Пронајдени стебла канабис во Неготинско
МВР информира дека на 12.7.2022, во 15 часот, полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино го лишиле од слобода Р. А. (44) од с. Пепелиште, Неготинско.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба од Основниот суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис, со висина од 1,5 до 2 метра, една вреќа со лисја од канабис сатива и една кеса со лисја од канабис сатива.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач на трактор тешко повреден откако излетал од коловозот
Вчера во 08.45 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
Црна хроника
Малолетник со мотоцикл се судри со „опел“, повредени се две деца
Вчера во 23.00 часот во полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосница од ул.„Илија Алексов“ со ул.„Ѓорче Петров“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од с.Ракитец, општина Конче, и мотоцикл „теккен“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Коџалија, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден откако изгубил контрола и паднал на патот
Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот од место викано „Рамно“ до место викано „Биљак“, по шумски земјен пат на подрачјето на с.Мирковци, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од Скопје изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.А. (31) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.