Црна хроника
Пронајдени 28 мигранти во комбе на патот Валандово – Струмица

При проверка на возило „рено трафик“ на патниот правец Валандово – Струмица, пред влезот во с. Костурино, полицијата пронашла 28 мигранти. Според информациите од МВР, возачот го напуштил местото на настанот.
Мигрантите им биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен возач од Дебар, возел со 2,77 промила алкохол во крвта и без возачка

Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.
Полицијата соопшти дека веднаш биле преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој билзапрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа било констатирано дека А.Љ. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола.
Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Црна хроника
Возел со 1,78 промил алкохол во крвта: приведен возач од Кумановско

Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане.
При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.