Црна хроника
Пронајдено оружје во куќа на жител на Копанце, Тетовско
Автоматска пушка, пиштол и муниција биле пронајдени во куќа на жител на тетовското село Копанце.
Според информациите на МВР, вчера е приведен Б. З. (32) од с. Копанце, Тетовско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми во калибар 7,62 милиметри, еден пиштол „берета“ со една рамка, 162 куршума во калибар 7,62 милиметри и еден куршум во калибар 7,65 милиметри.
З. Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот. Денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

