Црна хроника
Пронајдено оружје при претрес во Куманово, одреден притвор за кумановец
На 27.8.2023, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ. Е. (42) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Џ. Е. изминатиот период неовластено набавил и во својот дом држел оружје и муниција за оружје поради што врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово во тек на полициска акција, спроведена на 27.8.2023 година, од страна на полициските службеници при ЕНТД беа преземени мерки и активности и извршен е претрес во домот и други простории кај лицето, при што пронајдени и одземени се еден пиштол, долга ‘деветка’, со рамка од 8 куршуми во калибар од 9м м, 28 парчиња муниција за пиштол во калибар од 9 мм, една полуавтоматска пушка ‘карабин’, една ловџиска пушка, 17 метални рамки за муниција за ‘карабин’, како и 138 парчиња муниција за ‘карабин’ во различен калибар“, велат од МВР.
Лицето е лишено од слобода и изнесено пред судија на претходна постапка, од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

