Црна хроника
Пукал низ дворот и оставил заканувачко писмо

Еден маж од тетовско, со другари стигнал во дворот на семејство во скопско, пукал со пушка наоколу и оставил заканувачко писмо. Семејствата подолго време имале недоразбирања.
Како што соопшти полицијата, во петокот, околу 19.15 часот во село Долно Свиларе, скопско, во дворот од куќата сопственост на Г.Г., со автомобил непозната марка дошле четири машки лица, од кои едното Ф.Љ. од село Желино, тетовско, кој излегол од возилото и најверојатно со автоматска пушка испукал неколку куршуми во воздух, по што оставил лист со заканувачка содржина по живот на целото семејство на Г.Г.
Потоа, лицата со автомобилот заминале од местото на настанот, а Ф.Љ. му се јавил на Г.Г., при што му кажал дека тој го сторил делото поради недоразбирањата што ги имаат нивните семејства.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: пронајдена дрога во возилото

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.
Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.