Топ
Пукање во скопско Батинци: застрелан маж однесен во болница, уапсен 28-годишен скопјанец
Утрово, околу 11 часот, имало пукање во скопско Батинци. Според информациите на „Макфакс“, на пукањето претходела расправија.
Едно лице, погодено од куршум, со иницијали Н. М., е пренесено во градската болница „Св. Наум Охридски“.
„Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лиши од слобода Е. Ч. (28) од Скопје“, велат од МВР за „Макфакс“.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и приведениот ќе биде предаден на надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Македонија
ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул.
„Његошева“ во Општина Карпош, и во во Село Рдауша каде што имало запалено ѓубре, соопшти ЦУК.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата засега е целосно затворен.
Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот.
Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13,00 до 15,00 часот и во период од 01,00 до 04,00 часот.
Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар, пак, е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.