Контакт

Топ

Пукање во скопско Визбегово – повреден 20-годишник

Објавено пред

Пукање во скопско Визбегово било пријавено синоќа во 20.30 часот.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, едно лице е рането во нозете, по што било пренесено во Градската општа болница.

„ Едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ велат од МВР.

Македонија

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Објавено пред

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу, дури денес јавно даде препораки до граѓаните одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Градската општа болница „8 Септември“. Се обиде да ги смири скопјани со објаснување дека чадот што го дишат нема да им предизвика здравствени проблеми.

dobivaj vesti na viber

„Ние заедно со Институтот за јавно здравје прво анализиравме дали постои некој тип загадување на ниво на штета по здравјето на граѓаните. Ве уверувам дека мирисот се чувствува и не е пријатен, но воздухот во моментот не е на ниво на загаденост кое предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Сепак препорачувам граѓаните да не се движат надвор ако тоа не е неопходно“, рече министерот Алиу.

Во периодот што следи министерот Алиу рече дека здравствените власти ќе имаат работна група која „ќе може да придонесе за промените во здравјето на граѓаните предизвикани од воздухот“.

Директорот на болницата „8 Септември“, Синиша Стојаноски, кажа дека квалитетот на воздухот мора да се мониторира, посебно во периодот кој доаѓа кога се зачестени респираторните инфекции и во кој во соработка со Министерството за здравство лекарите треба да бидат достапни на пациентите 24/7 за да се помине што е можно помал број посериозни заболувања од респираторен тип.

Веќе трет ден скопајни не можат даотворат прозорен ни преку ден ниту ноќе оти чад од депонијата „Дрисла“ го обви градот. Премиерот Христијан Мицкоски денес најави дека со механизација од опптествено одгворни комапнии ќе влезе на депонијата за да се спречи понатамошно чадење кое стигнува и до градот, а тајно решени еќе бара со новиот градоначалник на Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

Објавено пред

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага, но за да каже детали, ќе почека работите да добијат свој тек. Во меѓувреме, извести дека со механизација од општествено одговорни компании ќе влезат и на депонијата „Дрисла“  и на „Вардариште“.

dobivaj vesti na viber

„Ние и овој случај нема да го оставиме вака. Веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании, кои ќе донесат механизација и на ‘Вардариште’ и на ‘Дрисла’ и ќе можеме да дејствуваме и внатре сѐ со цел да не се случува ова континуирано“, рече денес премиерот Мицкоски по посетата на Градската општа болница „8 Септември“.

И денес премиерот зборуваше дека како професор знае оти само едно догорче од цигара може да предизвика пожар на депонијата оти таму се создава метан, кој е лесно запалива материја, а посочи и дека некому му одговара пожар на депонијата во овој предизборен период.

Премиерот Мицкски се надева дека механизацијата ќе наиде на отворени порти во депониите и потсети дека минатата година, кога неколкумина градоначалници сами се организира да го однесат ѓубрето на „Дрисла“, камионите наидоа на затворена капија.

„Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре, да не се случи повторно да дојдеме до портата и да не нѐ пуштат внатре. Така беше минатиот пат“, рече премиерот Мицксоки.

Трајно решавање на проблемот со депонијата Мицксоки најави со новиот градоначалник, а на забелешките дека тоа не треба да биде со јавно-приватни партнерство, туку да се прифати стратегијата нула отпад, тој одговори дека ќе ги покани и оние што се „за“ и оние што се „против“ за да се најде најсоодветно решение што може да се примени кај нас. Неговиот став е дека на „Дрисла“ треба да има фабрика за отпад и фабрика што од метанот ќе прави струја, кои треба да бидат дел од трајното решение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Објавено пред

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти се иселил од државата на шест години. Вака премиерот Христијан Мицкоски денес го оправда Фетаи, кој во вторникот на новинарско прашање поставено на македонски јазик одговори на албански и рече дека „уште не е спремен на македонски“.

dobivaj vesti na viber

„Јас имам исклучително квалитетна комуникација со потпретседателот на Владата на англиски јазик. Зошто? Затоа што тој од својата шеста година е иселен од Македонија и живее во Белгија и говори течно четири јазици – француски, холандски, англиски и така натаму, да не ги редам сега. Нашата комуникација се одвива на англиски јазик. Тој има исклучително квалитетна биографија зад себе. Школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата, како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба, да ја дефокусираат јавноста, бидејќи се обидува, се труди да го учи и зборува македонскиот јазик и знам колку енергија вложува во тоа изминатите 15 месеци“, рече премиерот Мицкоски.

Тој денес им се извини на новинарите за постапката на Фетаи и рече дека вицепремиерот згрешил, но не во почитувањето на македонскиот јазик, туку во ангажирањето преведувач.

„Единствената, според мене, грешка во случајот е ако некој одлучи да се обраќа на албански јазик, да си донесе со себе преведувач. Јас во мое име им се извинувам на новинарите и убеден сум, бидејќи веќе разговараме со потпретседателот, дека тој истото тоа ќе го стори и таа грешка нема да случи во иднина“, објасни премиерот Мицкоски.

Тој воопшто не спомена можност за разрешување на Фетаи како што веднаш јавно побара опозицискиот СДСМ поради непочитувањето на македонскиот јазик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија3 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија3 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија4 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија4 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ5 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија5 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет6 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...

Македонија7 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија8 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет9 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија9 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет10 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет11 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија12 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија20 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија23 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија1 ден

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...