Топ
Пукање на „Цветан Димов“: Седел во кафеана и го видел пријателот ранет
Вчера во градската општа болница „Наум Охридски“ било донесено 21-годишно момче (В.И.) со повреда од оружје.
Како што јави МВР, повредениот бил донесен во болницата од страна на негов пријател, според чиешто кажување додека седел во угостителски објект на улицата „Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И. со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.
Од страна на полициски службеници било разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања
Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија. Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи. СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ“, рече Фрчкоски.
Тој додава дека најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој, според него, има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.
„Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин. Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања. Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори. Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација. Паника е голема. САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме. Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Фрчкоски.
Македонија
„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“
Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да биде унапреден и да детектира и фрлање отпадоци и отпушоци од цигари од возилата.
Како што информираат од организацијата преку објава на социјалните мрежи, петицијата била лично доставена до Владата и до Министерство за внатрешни работи. Од „За почиста Македонија“ наведуваат дека очекуваат одговор.
Во текстот на петицијата се посочува дека системот „Safe City“ веќе функционира во тест фаза и преку видео надзор издава опомени за сообраќајни прекршоци, поради што, според иницијаторите, постои реална можност истиот да се надгради и за други области од јавен интерес.
Како проблем се наведува фрлањето отпад, особено отпушоци и ситен отпад од возила во движење, што, според петицијата, има последици врз животната средина и јавната безбедност. Во образложението се истакнува дека отпушоците се најчестиот вид отпад по улиците и покрај патиштата, дека содржат токсични материи и дека нивното разградување трае и до 10 години.
Во петицијата се укажува и на ризикот од пожари, наведувајќи дека фрлањето отпушоци од возила може да биде еден од причинителите на шумските пожари во државата. Дополнително, се посочува дека ваквото однесување го нарушува јавниот ред и остава негативна слика за државата.
Според иницијаторите, камерите на „Safe City“ веќе препознаваат различни сообраќајни прекршоци, па системот може да се надгради со алгоритам за детекција на фрлање предмети од возило, практика која, како што наведуваат, веќе постои во повеќе европски земји и градови.
Со петицијата се бара МВР и Владата да воведат автоматска детекција и казнување на фрлање отпушоци и отпад од возила како дел од проектот „Safe City“, со цел намалување на загадувањето, зголемување на јавната безбедност и подигање на еколошката свест.
„Истражувањата покажуваат дека кога прекршоците се санкционираат автоматски, граѓаните брзо ги менуваат навиките“, се додава.
Ова е мала промена во системот, но како што се наведува, се очекува да донесе огромни придобивки за животната средина, јавната безбедност и развојот на современо, одговорно општество.
Фото: depositphotos
Свет
Медведев: Што ќе направи Галскиот петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа би бил одличен европски преседан“, напиша Медведев на Икс.
The Gallic cock has crowed that, if the sovereignty of Denmark is affected, the consequences would be unprecedented. Ooh, what they will do?! Kidnap POTUS? Nuke the US? Course not. They’ll just shit their pants and give up Greenland. And that’d would be a great European precedent
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 14, 2026
Макрон вчера се осврна на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, како што објави портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и сојузник биде загрозен, последиците ќе бидат невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.

