Црна хроника
Радовишанец подметнал пожар во зграда, опожарени влезни врати од 8 стана, ходници и една разводна табла

На 4.7.2023, во 13.20 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б. Ѓ. (57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 5.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булеварот Александар Македонски во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од 8 стана, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш, пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.
При лишувањето од слобода кај Б. Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Голема сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево: се судрија пет мотори и четири автомобили, тешко повредени четири лица

Четири лица се тешко повредени, а уште двајца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево, а во која учествувале пет мотоцикли и четири автомобили.
Вчера во 15 и 50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Украдени две бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(53) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.06. до 06.09.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден предмет биле одземени две бронзени бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Заталкано зрно од оружје пронајдено во угостителски објект во Чаир

Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје, Б.В.(33) од Скопје пријавил дека на покриената тераса од угостителски објект на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.