Црна хроника
Разбиена организирана криминална група, од затвор продавале кокаин низ цела држава
Организирана криминална група од затвор вршела недозволена трговија со дрога.
Според информациите, две лица, кои додека биле во затворот во Струга, користејќи поволности за секојдневен излез од затворот, заедно со третото лице, продавале кокаин на други лица низ целата држава. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога во текот на повеќемесечна истрага обезбеди материјални докази за работата на организираната група, против кои до ОЈО ГОКК од страна на ОСОСК е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик.
Имено, Т.Ш. и Д.О., како дел од оваа организирана криминална група, биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа во Струга каде, користејќи поволности за секојдневен излез од затворот, заедно со лицето А.М., продавале кокаин на лица од целата држава, за што ОСОСК има обезбедено и документирано купопродажби и доказен материјал. На 20.12.2022 извршен е претрес во домот кај А.М., кој заедно со Т.Ш. и Д.О., кои во моментов се наоѓаат во Казнено-поправна установа во Битола, во текот на денот ќе бидат изнесени пред Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турчин со „хонда“ удрил во полицаец
Денеска во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.