Топ
Разбојник провалил во куќа во Скопје и со нож повредил 20-годишник

Синоќа, околу два часот по полноќ, било пријавено дека на улицата „Јужноморавски бригади“, додека 20-годишник спиел во помошна просторија од куќа, непознат сторител влегол внатре и извршил претурање.
Откако 20-годишникот се разбудил и се обидел да го спречи сторителот, тој го нападнал со нож, нанесувајќи му повреди, и го напуштил местото на настанот.
Повредениот бил пренесен во градската општата болница Св. Наум Охридски за укажување на лекарска помош, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, избил пожар како резултат на запалена сува трева.
Како што извести Министерството, пожарот веднаш бил пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено интервенирале и бил локализиран во најкраток можен рок.
„Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено.
Интервенцијата траеше кратко и беше целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки“, соопшти МЗ.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.
Европа
Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија на Украина. Тој бара Украина да стане неутрална и демилитаризирана, териториите што ги окупирала да бидат меѓународно признати и сите западни санкции да бидат укинати. „Овие одредби мора да бидат дел од правно обврзувачки договор за мирно решение“, рече Лавров во интервју за унгарскиот весник „Маѓар Немзет“.
Лавров вели дека Русија сака да ја елиминира „безбедносната закана што ѝ ја претставува проширувањето на НАТО“, а особено можноста Украина да се приклучи кон него. Затоа бара „демилитаризација на Украина за да остане неутрална“.
Тој, исто така, вели дека Русија сака „заштита на етничките Руси и руската култура во Украина“. Лавров бара руската контрола врз Крим, Севастопол, Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон да биде меѓународно признаена.
Тој, исто така, бара укинување на сите санкции врз Русија, повлекување на сите тужби против неа и враќање на рускиот имот запленет на Запад.
Свет
Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Њујорк тајмс“.
Тензиите околу Тајван се зголемија уште повеќе откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, а таа војна сè повеќе се гледа како можен модел за тоа како меѓународната заедница би можела да реагира ако Пекинг одлучи да го нападне Тајван.
„Станува сè појасно, и да не се лажеме – ако Кси Џинпинг одлучи да го нападне Тајван, прво би го повикал својот помлад партнер во сето ова, Владимир Путин, и би му рекол: ‘Преминувам на оваа акција, ми требаш да нападнеш територија на НАТО’“, рече Руте.
„Тоа е најверојатното сценарио. И за да ги одвратиме, треба да направиме две работи. Прво, НАТО мора да биде толку силен што Русија никогаш нема да се обиде да го стори тоа. Второ, треба да соработуваме со Индо-пацифичкиот регион – што претседателот Трамп силно го поддржува“, додаде тој.
Западните претставници предупредија за нагло зголемување на руските воени трошоци за време на војната во Украина. Според Меѓународниот институт за стратешки студии, буџетот за одбрана на Русија се зголемил за 42 проценти во реални услови во 2024 година, на дури 462 милијарди долари – што ги надминува вкупните воени трошоци на сите европски земји заедно.
Сојузниците на НАТО го наведуваат овој раст, саботажата и континуираната агресија врз Украина како причини за дополнителни инвестиции во одбраната. Руте претходно предупреди дека Русија би можела да ја обнови својата воена моќ во следните пет години до ниво на кое повторно би можела сериозно да ја загрози безбедноста на територијата на НАТО и ги повика членовите да дејствуваат без одлагање.