Црна хроника
Разбојник со нож ограбувал аптеки во Скопје
Триесет и четиригодишен скопјанец е осомничен за вооружени разбојнички кражби во аптеки во повеќе скопски населби.
Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и закана со нож, украл 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека на 2 ноември украл уште 21.000 денари.
На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин украл 12.000 денари.
Истиот осомничен, заканувајќи им се со нож на вработените, на 27 октомври од аптека во Гази Баба украл 24.000 денари.
Истиот ден осомничениот влегол во аптека во Карпош и заканувајќи им се на вработените со ножот, украл 40.000 денари.
На 18 октомври, пак, од регистар-касите во аптека во Кисела Вода украл 48.756 денари.
Вкупно, со шест разбојништва извршени на сличен начин, осомничениот од аптеки во Скопје украл над 170 илјади денари.
Освен ова, тој е осомничен дека на 22 октомври се обидел да изврши разбојништво во уште една аптека во Карпош, но кога вработената го предупредила дека го активирала алармот, избегал без да ги земе парите.
Јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и повторување на делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

