Црна хроника
Разбојници обиле стан во Битола, настанала мешаница кога биле забележани
Битолското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истрага против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело разбојничка кражба.
Истрагата е поведена под сомнение дека двајцата, заедно со уште едно непознато лице, кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април биле затечени при кражба во стан на улицата Климент Охридски.
Ги затекнале двајца соседи, кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полицијата, но осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите, при што на едниот сосед му нанеле тешка повреда.
Едниот осомничен потоа употребил и нож замавнувајќи кон станарите по што се дал во бегство и сѐ уште не е достапен на органите на прогонот, а другиот е уаспен.
Основниот суд Битола определи мерка притвор во траење до 30 дена кон двајцата осомничени. За оној што е во бегство притворот ќе почне да се применува кога ќе биде уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

