Црна хроника
Разбојници со нож нападнале малолетник на кејот на Вардар во Скопје
Група од пет разбојници вооружени со нож ограбиле малолетник на кејот на реката Вардар, во близина на хотелот „Александар Палас“.
Според информациите на МВР, вчера во полиција од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 16 годишен малолетник од Скопје со нанесени телесни повреди при извршено разбојништво.
Малолетникот бил нападнат истиот ден околу 19 часот од страна на пет непознати лица. Тие му се заканиле со нож, му зеле 400 денари, а потоа физички го нападнале по што со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.
Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.
Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.

