Црна хроника
Разбојништво и тешка кражба во Скопје: маж и жена напаѓале и ограбувале луѓе
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 29-годишник за разбојништво и тешка кражба. Според информациите, тој заедно со непознато женско лице се заканувал на луѓе и ги ограбувал.
„Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба на сила и закана одзел предмети од еден оштетен. Жената му се доближила на оштетениот пред зградата во која живеел и го прашала дали сака да му го чисти станот. Тој ѝ кажал дека во моментот нема потреба за тоа и тргнал кон станот. Но, во моментот кога влегувал дома, двајцата неповикани влегле по него, при што обвинетиот го турнал оштетениот и со влечење го однел во една од собите. Му се заканил со нож и побарал од него да му ги даде парите. Пребарувајќи низ станот, одзеле паричник со 2.250 денари, два мобилни телефона, рачен часовник и други предмети, во вкупна вредност од приближно 21.750 денари.
На 15 април, на улицата 11 Октомври во Скопје, обвинетиот на дрзок начин одзел паричник со 2.000 денари од оштетена, која во тој момент влегувала во својата зграда“, соопшти Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот бидејќи таквата мерка сѐ уште е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.