Црна хроника
Расчистени пет тешки кражби во Дебар, кривични пријави против албански државјанин
На 23.06.2023 година од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар при ОВР Дебар расчистени се пет кривични дела, при што до Основното јавно обвинителство Дебар се поднесени пет кривични пријава против Д.Ц.(36) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236, став 1, точка 1 од Кривичниот законик.
Тој кривичните дела ги извршил во куќи на подрачјето на Дебар, од кои три биле пријавени на 12.02.2023, едно на 30.01.2023 и едно на 10.03.2017, при што одзел разновидни вредни предмети и се стекнал со противправна имотна корист од 1.650.000 денари.
Од страна на инспектори преземени се мерки и активности, при што по оперативен пат беа прибрани материјални докази дека сторител на овие кривични дела е Д.Ц. од Р.Албанија. За лицето беа спроведени низа оперативни дејствија при што е утврдено дека по извршувањето на кривичните дела на територијата продолжил со криминални дејствија во Р.Албанија, каде бил приведен и во моментов издржува затворска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

