Црна хроника
Расчистен нападот врз новинарска екипа во Тетово
Денеска во Секторот за внатрешни работи Тетово извршен е службен разговор со 43-годишниот А.С. од тетовско Горно Палчиште, извести МВР.
– На 07.11.2023 во 12.00 часот тој бил пријавен од 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште дека на Зелениот пазар во Тетово агресивно се однесувал кон него и негова колешка додека подготвувале материјал за новинарски прилог, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 106 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Тетовец измамил жена од Косово за 732 евра
Жена од Косово била измамена од Е.В.(45) од Тетово.
Според пријавеното во МВР, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.
Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома
Полицијата вчера го приведе Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.