Црна хроника
Рачна бомба од Втората светска војна најдена на брегот на Дебарското Езеро

На брегот на Дебарското Езеро, во месноста Венец, вчера била забележана стара експлозивна направа – рачна бомба.
Бил извршен увид, а овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување констатирало дека се работи за рачна бомба од италијанско производство, која потекнувала од Втората светска војна, и безбедно ја подигнало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд.
Според информациите на МВР тие се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Пијан возач удрил во бетонски столб во Струшко

Доцна синоќа во 02.20 часот, во полиција е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ш., удрило во бетонски столб.
Возачот бил пренесен во Општата болница во Струга. По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
Црна хроника
Приведен тетовец, возел со 1,94 промил алкохол во крвта

Денеска во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Д.Б. од Тетово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94% промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик –„безбsирно управување со моторно возило“.