Црна хроника
Речиси 200 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (8.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 12 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две за возач почетник.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 22 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.
Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.