Црна хроника
Речиси 200 казни за возачи на автомобили и мотоцикли во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 06,00 до 24,00 часот санкционирале 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со автомобил на подрачјето на Скопје. Откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај вчера од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 36 возачи.
Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.