Топ
Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на педесет и четиригодишниот Ј.К. од Дебар, кој се водеше за исчезнат од 19 јули.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар. Телото на починатиот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе нешто за ова што ѝ се случува на оваа установа, во која од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и поставувајќи ги своите ‘професионални’ кадри за директори, во Скопје ЗОО пцовисаа повеќе од 40 егзотични животни, некои од нив под сомнителни околности!“, напиша советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, на социјалните мрежи.
„Пред 4 или 5 дена починале две лами за кои неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберкулоза, а пред само нешто повеќе од еден месец исто така починаа две лами за кои се знаело наводно дека боледуваат од истата болест – туберкулоза!
Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос. Од страна на директорот во сенка, Стаменов, и другиот на хартија, Попов, на вработените им е наредено за смртта на овие лами да се скрие и да не се објави и до таму одат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ, тие тоа не го прават, а таа утрово дозна од мене.
Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на ламите без никаква ХТЗ или заштитна опрема за што тие реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберкулоза и симптомите биле видливи, но овие животни не биле дислоцирани во изолација и сите посетители биле изложени на ризик ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболеното животно.
За ова, како и за сѐ претходно што се случува во Скопје ЗОО, некој мора да поднесе одговорност и да одговара! Данела Арсовска, што уште ќе му направиш на Скопје“, прашува Кирков.
Македонија
(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
До овој момент исфрлени се повеќе од 30 тони вода и се уште активно оперираат.
Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце. Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС.
Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола, за жал се уште имаме активни два краци, едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер“, соопшти Ангелов.
Тој најави повеќе информации во текот на денот.