Црна хроника
Роднини со куршуми решавале имотно-правни односи
На 13.08.2022 во 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско.
Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од с.Липково, околу 17.30 часот во неговата викенд куќа во близина на с.Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи.
За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.
Црна хроника
Тепачка на паркинг-простор во скопски Аеродром
Денеска околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријави дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазена жена во Битола
Утрово во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57).
Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

