Топ
Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга
Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга.
СВР Охрид соопшти дека пронајдената муницијата потекнува од Втората светска војна.
По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.
„Со особена чест и голема почит, Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и лицетворија во совршено единство, божествената и човековата природа.
Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели.
Рождеството Христово, и по повеќе од два милениума, нè вдахновува со неизмерна љубов и бесконечна добрина, хармоничност и мир, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош, поткрепа и утеха на сите оние на кои тие им се потребни.
И годинава, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.
Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата.
Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество. Христос се роди!“, се вели во честитката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на верата и почитта кон вековната традиција се одржа свеченото делење на Бадниковите гранчиња.
„Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови.
Нека овој свет празник нè обедини сите, да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, и заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање“, порача Ѓорѓиевски.
Топ
Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

