Црна хроника
Санкциониран скопјанецот што возеше во спротивна насока во Ѓорче Петров
Полицијата денеска го пронајде лицето кое со своето возило возеше во спротивна насока во скопската населба Ѓорче Петров и потоа објави видео снимка на социјалната мрежа „Тик Ток“.
Лицето е идентификувано – С.С. (22) од Скопје и против него се преземени соодветни мерки и покрај соодветната санкција според Законот за безбедност во сообраќајот за возењето во спротивен правец, С.С. е санкциониран и за управување возило без возачка дозвола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамена 72-годишна штипјанка: лажен лекар и украл 2.600 евра
Вчера во 13:53 часот во СВР Штип, 72-годишна жена од Штип пријавила дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници.
Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

